Започнаа уписите на првооделенците во основните училишта

 Од денеска официјално започнаа уписите на првооделенците во основните училишта во Кочани. По претходна подготовка од страна на училишните служби и со почитување на сите протоколи за заштита од ковид 19, донесени од страна на МОН, денеска новите ученици заедно со родителите ги донесоа сите потребни документи за упис во прво одделение. Во ОУ Малина Попиванова според официјалниот список од МВР , оваа учебна година се очекува да се запишат 84 првооделенци за што училишните служби уредно ги испратија поканите до родителите.

Инаку од оваа година родителите имаат можност за упис на првооделенци и електронски, односно сите потребни документи да ги прикачат на официјалната страна , но оние коишто одлучија децата да ги запишат со физичко присуство потребно е да ги почитуваат закажаните термини. И во останатите училишта успешно се спроведува уписот , а оваа година е зголемен и бројот на првачиња и согласно списокот , учебната 2021/22 година ќе се запишат 412 првооделенци во основните училишта во Кочани.

Сподели: