„Малтретирачите„ со кривични, крадецот на крадење …

НЕ ПОМИНА МНОГУ ВРЕМЕ А МАЛОЛЕТНИКОТ КОЈ ГИ КРЕНА НА НОЗЕ РОМИТЕ ВО РОМСКОТО МААЛО И НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ОТКАКО БЕШЕ ФАТЕН КАКО КРАДЕ И ПОДОЦНА „МАЛТРЕТИРАН„ ОД ГРАЃАНИТЕ ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО, ПОВТОРНО Е ФАТЕН НА КРАДЕЊЕ, НО ВО ШТИП. КАМЕРИТЕ ПОТВРДИЛЕ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ИСТОТО МОМЧЕ, КОЕ ОД ДОМОТ НА ШТИПЈАНКАТА СОБРАЛО СЕ ШТО МОЖЕ ДА СЕ СОБЕРЕ.

Бурните  реакции во јавноста што ги предизвика„ малтретираниот„ малолетен Ром од Ромското Маало во Кочани, кој беше фатен како краде во двор во Трајаново Трло, а чиј татко подоцна се закани дека ќе се осветува и ќе убива, деновиве повторно е фатен како крад низ куќи, но овој пат во Штип. Благодарение на камерите во и околу семејната куќа на штипјанка, тој бил лоциран како спокојно влегува и со украденото излегува од нејзиниот дом, овјавува регионалната ТВ Стар.

Пари, палта на деца, ранци, алишта, мобилни, таблети, часовници, се живо собирало детето што пред два месеца беше фатено во Кочани. За среќа, во куќата имало камери, кои ја регистрирале провалната операција и помогнале да се открие и фати на дело. Ама за семејството на штипјанката сега проблем е што децата се плашеле од крадецот, и не смееле ни дома да си отидат за да спијат.

Снимките од камерите биле кристално чисти и на полицијата и биле доставени веднаш по што таму констатирале дека се работи за малолетникот чии кражби во Кочани пред неколку недели направија вистинска збрка. Притоа, кривични пријави за малтретирање малолетно лице заработија неколкумина граѓани, иако истите натрапникот го фатиле во својот двор додека крадел. Освен тоа целиот случај доби пошироки, дури и меѓународни димензии, бидејќи во заштита на малолетникот се јавија разни институции и огранизации за заштита на децата.                                                                       

Сподели: