Објавен јавен повик за учество на фудбалски екипи на Петровденскиот турнир во мал фудбал

Општина Кочани го објави јавниот повик за учество на фудбалските екипи во Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Пријавувањето ќе трае до 6 јуни 2021 година, а екипите треба да уплатат котизација од 2 илјади денари, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години. Пријавата може да се земе од Едношалтерската канцеларија или од веб-страницата на Општина Кочани.   

Ждребувањето ќе се одржи на 10 јуни 2021 година, а натпреварите ќе започнат од 18 јуни.  

По пауза од една година, поради здравствената криза, Општина Кочани го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал по 19. пат. Реализацијата е во соработка со ОФС – Кочани.

Сподели: