Преку порозниот асфалт, водата му ги наполнила подрумите

АТМОСФЕРСКАТА ВОДА ПО СИНОЌЕШНИТЕ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ПОРОЗНИОТ НОВ АСФАЛТ СЕ СЛЕАЛА ВО ПРИЗЕМНИТЕ ПРОСТОРИИ ОД СЕМЕЈНАТА КУЌАНА БРАНКО ПЕТРОВ. АКО СЕГА Е ТАКА, КАКО ЌЕ БИДЕ НАЕСЕН И ЗИМОСКА, СЕ ПРАШУВА ПЕТРОВ, ЗАГРИЖЕН ЗА СВОЈОТ ДОМ.

Продирањето на атмосверската вода во подрумските простории од семејната куќа на Бранко Петров, се заканува да му предизвика посериозни штети и проблеми на објектот. И по синоќешните обилни врнежи, приземните простории се наполнија со вода, која доаѓа од порозниот асфалт.

Петров смета дека треба да се поправат недостатоците, бидејќи стравува дека наесен, или зимоска, штетите можат да бидат поголеми, и да го загрозат неговиот дом.

Вели дека влагата во подрумските простории го нагризува објектот, а и не може да ги користи, бидејќи се што ќе се стави во нив, скапува или се деформира.

Сподели: