Мега спортски центар на „Царев Врв“ од 100. милиони евра …

ПРЕДИЗБОРНО ВЕТУВАЊЕ, ИЛИ … ПЕТПАТИ ПОГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА МЕГА СПОРТСКИ ЦЕНТАР НА „ЦАРЕВ ВРВ“ НАЈАВУВА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ, ВРЕДНА ФАНТАСТИЧНИ 100 МИЛИОНИ ЕВРА. АКО ПРОЕКТОТ Е ВКЛУЧЕН ВО ВЛАДИНИОТ ИНТЕРВЕНТЕН ПЛАН ЗА ИНВЕСТИЦИИ 2021 – 2027, ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ЗА ШЕСТ ГОДИНИ ТУРИЗМОТ ЌЕ СЕ ПРОШИРИ ОД ПОНИКВА КОН ВТОРИОТ ПО ВИСОЧИНА ВРВ НА ОСОГОВИЕТО

Откако на 31 март Актуелности пишуваше за огромните зимскотуристички, и воопшто планински туристички потенцијали на вториот по височина врв, Царев врв на Осоговските Планини, два месеца подоцна стигна најава од заменик претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој, Љупчо Николовски дека тука ќе се гради модерен ски-центар, еден од петте најголеми центри на Балканот. Иако нашиот портал најавуваше дека за да се реализира овој исклучителен капитален проект, стручњаците пресметале дека се потребни 20. милиони евра, плус патната инфраструктура до локалитетот, најавата на Николовски е дека инвестицијата ќе достигне фантастични 100 милиони евра!

Во објаснувањето на потпретседателот на владата се вели дека одлуката за изградба на ски-центарот е резултат на координација на градоначалниците од североисточниот регион, а тој предложил овој проект да стане дел од владиниот Интервентен план за инвестиции 2021-2027, кој овозможува одржлив економски раст и подобар животен стандард.

Иако првичната информација е како неостварлив сон, љубителите на зимските спортови и на планинскиот туризам посакуваат државата и запоставениот исток, конечно да добијат шанса да се искористат непроценливите потенцијали на Осоговските Планини. Останува времето да покаже дали Осоговието конечно ќе се ефектуира во туристичкиот сегмент, или и овој проект ќе се влече како Браната Речани.

Оптимистичка најава за Царев Врв

СО 100. МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ ГРАДИ ГОЛЕМ ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР

Сподели: