Општина Кочани: Нема простор за извинување за изнесените лаги и клевети од претседателката на Здружението „Грин.орг“

Во врска со барањето од претседателката на Здружението „Грин.орг“ за јавно извинување за изречена навреда и клевета врз неа, Општина Кочани ја известува јавноста дека простор за извинување нема. Таа продолжува со натамошно дезинформирање и замајување на јавноста.

Општина Кочани стои зад фактите дека:

  1. Нема примено 30.000 евра по основ на концесија за мини-хидроцентралата на Мала Река;
  2. Не постои и не може да постои долг за концесија на правниот субјект ДИС Енергија кон Општина Кочани;
  3. Договор за концесија не склучува Општина Кочани, а со тоа и не може да побарува за наплата;
  4. Договорите за концесија се склучуваат помеѓу концесионерот и надлежното министерство.
  5. Извод од Општина Пробиштип не е документ и за Општина Кочани.

Општина Кочани ниту смее и ниту сака да прикрива информации. Во функција на транспареноста е слободниот пристап до информации од јавен карактер. Досега Општина Кочани нема ниту едно такво барање од Здружението „Грин. орг“, ниту од неговата претседателка.

Вистинитоста на изнесените тврдења во јавноста од страна на Ана Симонова, преку медиумите и социјалните мрежи, ќе треба допрва да се докажува.

Поради лавината реакции што се појавија во јавноста од изнесените информации на претседателката на Здружението „Грин. орг“, Општина Кочани  жали што медиуми, новинари и портали претрпеа јавен линч од Симонова, заради пренесеното соопштение упатено од Општина Кочани до ова Здружение и неговата претседателка.

Сподели: