Наташа Николова од Оризари е пронајдена

ВОНРЕДНА ВЕСТ: 16 годишната Наташа Николова од Оризари е пронајдена вечерва.

Според првични објави на дел од медиумите девојчето е пронајдено од страна на група млади момчиња кои самоиницијативно се вклучиле во потрагата, ја пронашле дехидрирана, по што е однесена во болница.

Наташа беше пријавена за исчезната на 10 јуни во 8 часот и до овој момент се вклучија голем број граѓани за нејзино пронаоѓање .

Најважно од се е што девојчето е најдено живо, а дополнителни информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Сподели: