Продаваат куќи за 10 денари, за да „купат“ жители

Ако не ви се живее во Македонија, од економски, политички или било какви причини, а ја сакате Хрватска, еве ви можност да станете нејзин жител со подарок куќа, и тоа за само една куна, или нецели 10 денари. Патем, треба да се исполнат неколку услови, особено за странците, од аспект на возраст, ситуираност, гарантиран период на живеење.

Кај нас веројатно никој, или скоро никој не слушнал за малото градче Леград, кое се наоѓа на северот на Хрватска, во близина на границата со Унгарија, со околу 2.250 жители. Од него луѓето бегаат со децении, оставајќи ги семејните куќи засекогаш. Е сега локалната власт се сетила да ги продава напуштените куќи само за една куна, или 0,13 евра, со цел да се привлечат нови жители. Во ова место, опкружено со зелени полиња и шуми, веќе се ставени на продажба 19 празни куќи и досега се продадени 17 недвижнини. Меѓу понудените куќи, некои се полуразрушени, немаат прозорци и врати, а ѕидовите се покриени со мувла.

Општината најавува дека ќе плати 25.000 куни за сите потребни адаптации, а градот ќе им помогне на новите жители кои сакаат да купат приватни куќи со 20 проценти од куповната цена, или до 35.000 куни.

Клучните услови за аплицирање се поединците или паровите да се финансиски стабилни и да се помлади од 40 години. Тие исто така треба да останат да живеат таму најмалку 15 години.

Саболиќ рече дека понудата привлеклла голем интерес и кај луѓе од странство. Откако медиумите известија за необичната акција, барања за купување куќи стигнуваат од многу далечни места како Русија, Украина, Турција, Аргентина или Колумбија. Но треба да се има во предвид дека не е толку лесно странците да емигрираат во Хрватска, затоа предност има локалното население.

Сподели: