Пролетта променлива, какво ќе биде летото?

ПО ПРОМЕНЛИВАТА ОД ТЕМПЕРАТУРЕН АСПЕКТ, ПРОЛЕТ, ДЕНЕСКА РАНО ИЗУТРИНА ЗАПОЧНА ЛЕТОТО НА СЕВЕРНАТА ХЕМИСФЕРА. ДЕНЕШНИОТ ДЕН Е НАЈДОЛГ ВО ГОДИНАТА И ТРАЕ 16 ЧАСА И 28 МИНУТИ. ИСТОВРЕМЕНО НА ЈУЖНАТА ХЕМИСФЕРА ЗАПОЧНА ЗИМАТА.

Утрово, во 5 часот и 32 минути, на северната хемисфера на земјината топка, започна летото. На денот на почетокот на летото ноќта е најкратка, а денот е најдолг и ќе трае 16 часа и 28 минути. Овогодишното лето завршува на 21. Септември, кога се случува втората рамноденица во годината. Метеоролозите најавуваат „шарено“ лето, со екстремно високи температури, но и со значителни падови, како последица на променливото време.

Летото на северната хемисфера започнува во моментот кога насоката на северниот дел на Земјината оска е најблиску до Сонцето, а на тој ден висината на Сонцето на пладне е најголема во текот на годината.

Во исто време денеска, започна зимата на јужната хемисфера.

Сподели: