На 25 и 26 јуни – прскање против комарци во Кочанско

На 25 и 26 јуни (петок и сабота) во раните утрински часови, на подрачјето на Кочани, стручна екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани ќе го спроведе второто превентивно терестичко, односно прскање од земјаза заштита од комарци.

В петок, на 25 јуни, од 5 до 8 часот  наутро, екипана Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ ќе ја спроведепрвата фаза од авиотретирањето против комарци.

Со превентивната дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани и  низинските села  што припаѓаат  на територијата на  Општина  Кочани.

За третманите против комарците ќе се користатширокоспектарни инсектицидиза третирање комарци одобрени од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следен поволен период.

Сподели: