Кочанчанец заработи кривична пријава за поткуп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 43-годишниот И.Д. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

На 29.07.2020 во кругот на „Здружение на возачите“ во Кочани, пред закажан термин за полагање на возачки испит за Ц – категорија, во товарно возило сопственост на авто школа, пријавениот, на службените лица, при приложување на документи за лична идентификација, им дал и банкнота во апоени од 100 евра, со цел истите да му овозможат да го положи возачкиот испит.

Извор: Билтен на МВР

Сподели: