Промовирана Монографијата Јовановска маала во с. Очипала

СРЕДЕ ЈОВАНОВСКА МААЛА, ВО СЕЛОТО ОЧИПАЛА, ДЕЛЧЕВСКО, НА 4 ЈУЛИ БЕШЕ ПРОМОВИРАНА ИСТОИМЕНАТА МОНОГРАФИЈА, АВТОРСКО ДЕЛО НА СЛАВИЦА ЦВЕТКОВА, КОЈА Е ЗНАЧАЕН ДОКУМЕНТ ЗА ИСТОРИЈАТА И СЕГАШНОСТА НА ОВДЕШНОТО НАСЕЛЕНИЕ НИЗ ГЕНЕРАЦИИТЕ.  ВО ПРИСУСТВО НА НАД СТОТИНА МЕШТАНИ, ИСЕЛЕНИЦИ И ГОСТИ ОД ДЕЛЧЕВО, КОЧАНИ, СКОПЈЕ, ЗА ДЕЛОТО ЗБОРУВАА ИНИЦИЈАТОРИТЕ, РЕЦЕНЗЕНТИ И ЖИВИ СВЕДОЦИ, ПРОДОЛЖУВАЧИ НА ЛОЗАТА НА ЈОВАНОВЦИ.

Во автентичен амбиент на ридестите предели на селото Очипала, оддалечено само неколку километри од Делчево, на 4. Јули, беше промовирана Монографијата со наслов „Јовановска маала во селото Очипала“,од авторката Славица Цветкова. На промоцијата присуствуваа членови на семејствата од овој крај, од околината, како и раселени низ државата и во Америка. Меѓу нив и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.

Иницијаторот за издавање на монографијата, Ратко Димитровски со емоции зборуваше за мотивите да се издаде дело во кое ќе бидат забележани сите позначајно документи и факти поврзани со животот и историјата на овие простори

-Како одминуваат годините, кај човекот се поголема е желбата за враќање кон родното место, бидејќи за него се врзани најубавите спомени од безгрижното детство. Токму тоа се мотивите кои ме тераа да иницирам и поддржам издавање на оваа Монографија, која според првите реакции, одлично е прифатена од локалното население, но и од пошироката читачка публика, која е љубопитна да дознае повеќе за животот во селата на Пијанечкиот регион. Верувам дека ова дело ќе поттикне и многу други автори да пишуваат монографии, бидејќи станува збор за значајна и корисна литература, изјави Ратко Димитровски.

Авторката Славица Цветкова „се пожали“ на обемната работа и вложен труд околу истражувањата и подготовката за создавање на делото. -Првиот дел е посветен на селото Очипала и неговите историски корени, вториот дел е исклучиво за Јовановска маала, која не може да се разгледува одделно, туку е составен дел на селото во кој се кажани почетоците на Јовановска маала, преку изградбата на првата куќа и растот на родот, корените се од 19 век, додека третиот дел е генеалошкото стебло за Јовановци од 1870 година до денес. Во монографијата е застапена е и етнологијата, културно забавниот живот, песни од Очипала како и значајни личности од овој крај,

На промоцијата на монографијата свои секавања и сведоштва евоцираа повозрасни жители од лозата на Јовановци, кои не ја криеја возбудата овде во ова маало да се промовира дело кое ке ги овековечи  нивното минати и сегашност.

Сподели: