Кој има прволигашки сон – лесно може да го оствари

Од Втората фудбалска лига Исток, летово два клува се изборија за прволигашки статус. ФК „Брегалница“ од Штип, и ФК „Тиквеш“ од Кавадарци. А по само една сезона во најелитната лига во државата, меѓу второлигашите се врати ФК „Беласица“ од Струмица. Таквиот расплет уште повеќе ќе ја намали конкуренцијата на Истокот во борбата за највисок пласман, имајќи ги во предвид досегашните капацитети на кчубовите кои ја сочинуваат Втората лига Исток

Ако се изземе Беласица, која доколку ги задржи поголем дел од фудбалерите, и со прволигашкото искуство, би била доминантна во оваа конкуренција, другите екипи се некаков просек, кој квалитативно е далеку од високи амбиции и можности. Втората лига веројатно е максималниот дострел на Кит Го, Кожуф, Слога Виница, Каменица Саса, Осогово. На нив и на подарок да им ја понудат првата лига, многу веројатно, глатко ќе ја одбијат.

Па сепак, можен е македонски фудбалски раритет, и помалиот брат на Брегалница, тоа е ФК „Кит Го“ да се избори за прволигашки статус, па ако штипјани опстанат во Првата лига, двата клуба да палат и жарат во најелитното фудбалско првенство во државава.

И додека на истокот уште пред да започне првенството речиси се е јасно, во Втората лига Запад ќе се води вистинска фудбалска војна за првите позиции, бидејќи на квалитетните староседелци им се приклучија скопски Варсар и кратовски Силекс.

Сподели: