Соопштение од ОО на СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани!

Започнавме со изградба на нова социјална зграда со 34 станбени единици во Кочани намената за ранливите групи на граѓани,   инвестиција од околу 1 милион евра. Исто така со средства преку Министерството за транспорт и врски реконструираме неколку улици во општината со што значително ја подобруваме безбедноста и урбаното живеење во градот, која ја истакна и министерот Благој Бочварски при вчерашната работна посета на општина Кочани. Рокот на изградбата на оваа зграда е 18 месеци со што се заложуваме и придонесуваме во овозможувањето на пристојни услови за живот на нашите сограѓани од ранливи категории. Покрај оваа зграда во Кочани, започната е изградба и на други социјални згради во државата.

Со средства преку Министерството за транспорт и врски реконструираме и неколку улици во општината со што значително ја подобруваме безбедноста и урбаното живеење во градот, Реконструкцијата на улицата „Тодосија Паунов“ е во рамките на проектот за поврзување со локални патишта, инвестиција од 6,6 милиони денари. Според динамиката на работа улицата целосно ќе се заврши овој месец. Со овие инвестици општината заокружува една целина во изградба на модерно булеварското решение со што ќе се овозможи побезбеден сообраќај во градот. Исто така би сакала да потенцирам дека во вториот теднер преку овој проект во општина Кочани ќе се реконструираат  уште две улици и тоа улица „Гошо Викентиев“ и улица „Раде Кратовче“.

Работиме и сакаме да обезбедиме пристојни и добри услови за сите наши граѓани и општината во која живееме.

Сподели: