Соопштение од ЛК СДММ Кочани

Почитувани граѓани, почитувани медиуми.

Субвенциониран оброк е последната во низата мерки кои СДММ и СДСМ ги преземаат за подобрување на студентскиот стандард и за младинските политики во целост.По поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија, Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк.Со ова, 40.000 активни студенти, на почетокот на секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци. Министерството за образование и наука ќе изврши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците.Според измените, корисникот на субвенционираниот оброк има можност да го оствари своето право кај секој еден трговец.

Исто така согласно Законот за младинско учество и младински политики, Владата формираше Национално советодавно тело за младински политики, како тело за соработка помеѓу младински претставници и претставници на органите на државната управа кое има советодавна и надзорна улога при спроведувањето на младинските политики и активностите за млади.Младите заслужуваат да имаат место, основа од каде што ќе тргнат во големи победи и успеси. Тие заслужуваат да бидат инволвирани во политиките.СДММ останува посветена на мерките и политиките што го унапредуваат квалитетот на живот на младите и овозможуваат подобра иднина за секој млад човек.

Со почит,ЛК СДММ Кочани

Сподели: