Пожарите во облешевско – се поопасни!

Во делот од Кочанската Котлина кој и припаѓа на општина Чешиново-Облешево земјоделците на своја рака ја палат сламата од овогодинешната жетва На јачменот и пченицата, не водејќи сметка дека при тоа предизвикуваат огромни штети и ги загрозуваат објектите во полињата, како на населените места. Само брзата интервенција на кочанските пожарникари успеале го спаси четиричленото семејство кое се нашло во принудно застанат автомобил кој поради дефект останал на магистралата Штип-Кочани и се нашол на патот на огнената стихија. За среќа, семејството е евакуирано и итно било хоспитализирано во кочанската болница, а потоа е пуштено на домашно лекување.

-Луѓето ги спасивме, ама не и возилото кое е целосно изгорено. Покрај тоа благодарение на упорноста на пожарникарите, спасени се повеќе  куќи и стопански објекти. Во Облешево беше загрозена и бензинска пумпа, вели Благој Паунов, командир на ТППЕ-Кочани.

Во огнената стихија изгореа над 20хектари површини, а од огнените јазици се оштетени и други насади.

Ноќеска пожарникарите интервенирале на уште еден подметнат пожар, при што е евакуирано семејство, а потоа е спасена и нивната куќа. Меѓутоа не се спасени над 2500 бали слама, кои целосно изгореа.

Покрај директните штети опожарувањето на стрништата го уништува и полезниот дивеч во полињата. И покрај законските забрани за палење оган на отворено, земјоделците не се откажуваат од старите навики. Надлежните во изминатиот период имаат изречено 29 казни и поднесено две прекршочни пријави, ама и понатаму во кочанско горат стрништата.

Сподели: