Дали битолскиот „рецепт“ е поефикасен од кочанскиот ?

ВО БИТОЛА И ПЕЛАГОНИЈА НЕМА ОРИЗОВИ ПОЛИЊА, АМА БИТОЛЧАНИ СО ПЕТДНЕВНО ЗАПРАШУВАЊЕ ВО ВЕЧЕРНИТЕ И НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ДУРИ ПЕТ ДЕНА ЕДНОПОДУГО СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ. КАЈ НАС СЕ Е ПО СТАРО, НЕКООРДИНИРАНО И НА КРАЈ НЕЕФИКАСНО.

Дали битолчани нашле подобар начин да се справат со комарците, ќе треба да дознаат надлежните служби во Општина Кочани, со евентуална размена на искуства за оваа проблематика. Решиси баналната шема со повремено прскање од воздух и од земја, која со децении се применува во нашиот град, одамна предизвикува сомнежи кај граѓаните околу ефикасноста. Особено што секоја општина во регионот си прска како ќе и текне, без координација со другите.

Петдневното едноподруго третирање на комарците во Општина Битола, и тоа во термин од 20 до 02 часот, е драстично поразлично од кочанското во раните утрински часови, и можеби поефикасно, бидејќи најголема наезда од досадните инсекти се случува токму навечер. Тоа би требало да значи дека со запрашувањето можат да се уништат и најмногу комарци.

Досегашната практика во борбата со комарците во Кочани и кочанско дава само дво-три дневни делумни ефекти, по што наездата станува уште посилна и неподнослива. Токму затоа многумина се прашуваат, дали третирањето се врши само да се задоволат законските обврски, или за да се задоволат одредени бизнис интереси.

Сподели: