ИРИ го фали, некој тука го брука

Вечерва повторно профункционира релацијата на тесни интересни, градоначалник – службеничка за односи со јавноста – уредник на Канал 8. Имено, во 18 часот гледачите на осмицата беа изненадени кога ја проследија информацијата за Извештајот на ИРИ, веројатно добиена од службеничката на Општина Кочани, за највисоките оценки на градоначалникот. Изненадени затоа што оваа бомбастична информација не беше објавена во другите локални медиуми. Меѓутоа, четири часа подоцна, во 22,11 часот, на мејлот на ТВ Кочани пристигна истата информација, испратена токму од лицето за односи со јавноста вработено во Општина Кочани, кое плата зема од средства од граѓаните на општина Кочани. За жал, дел од медиумите иако ставени во подредена позиција, неколку часа подоцна, ја објавија веќе објавената информацијата.

Телевизија Кочани во оваа прилика, и затоа што не е прв пат, јавно реагира на различните аршини при добивањето на информациите од Општина Кочани,  бидејќи од поедини настани по повеќе часови задоцнување, добива само фотографии, додека другата телевизија видео снимки и изјави. Притоа, сакаме да истакнеме дека имаме разбирање да му се помогне на сопругот-уредник, ама не е добро да се казнува јавноста со селективниот однос кој произлегува од сервисот на граѓаните-Општината. Впрочем, таквата практика директно се коси и ги девалвира, добиените позитивни оценки од ИРИ, што ако на никој друг, треба да му пречи на градоначалникот.

Сподели: