Поради мирот на градоначалникот, медиумите во беспарица …

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, забарикадиран во членот 102 од законот за АВМУ, три години како ги пушти низ вода локалните медиуми, без да им исплати, додели, донира, било какви средства, оставајќи ги во ситуација пред згаснување. Три години тој им вели на новинарите дека пари за нив се предвидени во Буџетот, тие стојат, ама не знае како да им ги исплати. Помина и едноиполгодишната Ковид криза во која државата помагаше на кого ќе стигне, ама Општина Кочани пак не најде начин и оправданост да направи каков и да е добронамерен потег кон медиумите.

Можеби неговиот крут став и може да се разбере, да не беа примерите со другите градоначалници ширум државата, кои јавно изјавуваат дека медиумите им се потребни и нема да дозволат да ги снема. И по тој основ издвојуваат средства за нив, на месечно ниво. Како што се Гевгелија, Свети Николе, Штип, Куманово, Струмица …, Или, да не се изјавите на премиерот Зоран Заев дадени во неколку наврати, дека на тој член не му е место во Законот, дека ќе се тргне, дека ќе се формира фонд за медиуми. За жал од сето тоа и по три години – ништо.

Мандатите ќе истечат за некој месец. Некои градоначалници ќе останат, други ќе бидат сменети. Дури тогаш Илијев ќе види и ќе сфати дека самиот се заглавил во неискуството од практицирањето на функцијата, бидејќи секаде се ќе продолжи да тече нормално, но ќе остане неговото тригодишно сурово казнување на новинарите, оставајќи ги без средства кои значат опстанок. А се, како што самиот вели, заради тоа што никој не можел да му го плати мирот …

Тоа што е чудно во целата ситуација е што поедини медиуми упорно се ставаат во функција на градоначалникот, иако „не добиваат“ средства од општината …, што буди сомнежи на поширок план.

Сподели: