Скандал каков Кочани не видел

Кочани не може без скандали. Меѓутоа до сега сите главно биле од речено – кажано, додадено, одземено, некој чул, никој не видел, или не кажува ако видел. Меѓутоа ова што се врти по мобилните телефони на кочанчани, не е скандал, туку резил. Надвор од здравиот разум, затоа што повлекува низа импликации. Само по себе прозива институции од повеќе сфери, чии ингеренции помалку или повеќе се засегнати

Прво, јавноста ја шокираат актерите во сексуалниот, или сексуалните чинови, бидејќи се коментира дека ги има повеќе, и се се поексплицитни. Се посочува дека во игра е поранешен просветен раководител или сегашен професор, кој ја има одговорноста да образува, но и воспитува ученици на тинејџерска возраст, првенствено малолетни.

Второ, локацијата, веројатно училница во училиштето, како дел од образовна институција, од која родителите и учениците очекуваат стручност, моралност, примерност …

Трето, перверзност каква не се гледа ниту на сурови порно клипови.

Резилот пукна. Жителите на Кочани се згрозени. Сега на потег се надлежните институции, кои градоначалникот веќе ги прозва и ги повика да реагираат. Некои ќе бидат казнети од претпоставените, други сами ќе се казнат. Но, и по овој скандал ќе остане заташкано се што се случувало во училиштата, бидејќи без суштинска истрага, внатрешна и надворешна, ниту имало, ниту ќе има разрешници. Дотолку повеќе што речиси јавно се коментираат „соработки“ на релации професори, ученици/ученички, и поединци од други државни институции. Впрочем, едно време јавно се раскажуваше слоганот „ Бате кец, ја к.ец“. Поедини професори имаа „цена“ за „двојките“ и другите оценки, која не секогаш била материјална.

Сподели: