Со народни пари – по народот!

Градоначалникот и советниците во Советот на општина Кочани се испофалија дека донеле „едногласна одлука“ за издвојување на два милиона денари од буџетот, за помош на оштетените од пожарот.

Значи „одобриле“ со народни пари да му помогнат на народот.

Прашањето е, зошто не е донесена едногласна одлука сите да се откажат од советничкиот хонорар, односно да го донираат за оштетените.

Ако пак законот предвидува и за вонредна седница да се добива плус советнички хонорар, тогаш јасно е кој од пожарот има ќар ?

Сподели: