Илијев сеуште не се произнесува за кандидатурата

Со денешната изјава за Радио Кочани, актуелниот градоначалник Николчо Илијев уште повеќе ја збуни кочанската јавност дали ќе се кандидира, дали ќе го кандидираат и кој ќе го поддржи за претстојните локални избори. Цитираме, „ јас немам поднесено никаква апликација, меѓутоа точно е дека имам понуда за подршка како од граѓанскиот сектор, така и од една политичка партија. Сето тоа е во делот на разговорите, преговорите, имено, како што реков, јас одлука немам донесено, а за другите не можам да коментирам“.

По оваа изјава остануваат отворени најмалку две прашања. Ако за партијата може да се претпостави која е, градоначалникот остава простор јавноста да шпекулира кој е граѓанскиот сектор, особено што начелата на граѓанскиот сектор би требало да се спротивни со политичките и партиските.

Второто прашање произлегува од делот на изјавата на Илијев, во која вели „сето тоа е во делот на разговорите, преговорите …“, што значи дека тој разговара, преговара за кандидатурата, иако сеуште нема донесено одлука.

Прашање е и на кого мисли градоначалникот кога вели: „за другите не можам да коментирам“. Дали за другите кандидати во други политички партии, или за другите во партијата што го поддржува?

Сподели: