„Осогово“ декласирано, „Слога“ рутинирано

Со одигрувањето на првото коло во новата фудбалска сезона, Второлигашите на истокот го отворија првенството, за кое стручњаците велат дека ќе биде едно од најнеизвесните во поново време. На пет стадиони се одиграа исто току дуели, при што поуспешни беа гостинските екипи кои извојуваа три победи, а домаќинитње две.

Екипата на Осогово во Кочани претрпе убедлив и разочарувачки пораз од Каменица Саса, со резултат 1:4. Кочанци само во првите 20 минути беа рамноправен противник, бидејќи потоа гостите и со игра и со резултат ја направила очигледната разлика.

Слога 1934 во Виница се изнамачи, но го совлада противникот Братство 07 од Житоше, со 1 ; 0, и што е најважно прокнижи три бода на своето салдо. Виничани голот го постигнаа во финишот на натпреварот, меѓутоа во првото полувреме ја погодуваа стативата и гредата, а промашија и уште две стопроцентни шанси.

Еве ги Резултати од првото коло: „Локомотива“ – „Кожуф“  0:2, „Победа“ – „Кит Го“  2:1, „Детонит“ – „Беласица“  0:2, „Осогово“ – „Каменица Саса“  1:4 и „Слога 1934“ – Братство“  1:0

Веќе во сабота, во рамките на второто коло се игра комшиското дерби Слога 1934 – „Осогово“.

Сподели: