НУЦК „Бели Мугри„ објави конкурс за литературна творба по повод 82 години од издавањето на стихозбирката „Бели Мугри„

По повод 82 години од издавањето на стихозбирката „ Бели мугри“ од Кочо Рацин, Националната установа Центар за култура – „ Бели мугри “ – Кочани, објавува :

КОНКУРС За литературна творба ( песна, расказ, есеј, драмски текст, видување…) на тема: „ Како ги доживуваме Рациновите БЕЛИ МУГРИ “.

Конкурсот има ревијален карактер. Творбите не треба да бидат претходно објавувани. Право на учество имаат сите граѓани постари од 16 години. Творбите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик, со големина на фонт 12, со македонска подршка.

Краен рок на поднесување на творбите е 31. 10. 2021 година.Творбите со кратка биографија се испраќаат на електронска пошта на адресите:

ckbelimugri@yahoo.com

gabi.stefanovska@yahoo.com

Пристигнатите литературни творби на конкурсот ќе бидат собрани во алманах, а неговата промоција е предвидана да се случи на 25-ти ноември 2021 година во просториите на НУ ЦК „Бели мугри“, на денот на патрониот празник на Установата.

Дополнителни информации во врска со Конкурсот можат да се добијат на телефонскиот број: 033/ 272-181 или во ЦК „ Бели мугри “ на адреса „ Кеј на Револуцијата“ бб во Кочани.

Бидете и Вие дел од чествувањето на патрониот празник на Националтата Установа од културата.

НУЦК „Бели Мугри“ Кочани

Сподели: