Пазарчето празно – пазарџиите на тротоар

Се смени изгледот кај автобуската станица со кружниот тек, ама не се сменија навиките. Се преместија и бараките и се расчисти запуштеното зелено пазарче над патот. Навиките пак не се сменија. Производителите и трговците и денеска својот зеленчук и други производи не ги изложија на неколкуте тезги на пазарчето, туку се распослаа долж новиот тротоар. И сега што е на ред. Да ги смени некој граѓаните, бидејќи не прават како што некој им сервира, туку си тераат по свое.

Добро е што маркетот Тера не работи во недела, инаку ќе има повлечи-потегни кој на кого му пречи. Уште повеќе што како и порано, тротоарот буквално е блокиран во должина од 100 до 200 метри, а и една лента од улицата со паркирани возила.

Сподели: