Од криволовци одземени три пушки
На 26.09.2021, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода триесет и петгодишниот Д.Ј. од Чешиново и осумнаесетгодишниот А.М. од Облешево, општина Чешиново – Облешево, поради постоење основи на сомнение дека во атарот на с.Спанчево сториле кривично дело „незаконит лов“.
Во врска со случајот бил повикан педесет и седумгодишниот А.Ј. од с.Чешиново. Кај А.Ј. и Д.Ј. биле пронајдени и времено одземени три ловечки пушки.
Запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.