Осогово сензационален во Струмица, Слога сигурна во Пехчево

Осогово приреди мала сензација во Струмица, каде како и во подготовките, ја победи Беласица со 2;0. Струмичани пак, кои беа едни од главните кандидати за враќање во Првата лига, очигледно немат да се носи со другите второлигаши.  

Слога 1934 не се шегува оваа есен, бидејќи на теренот не респектира ниту една екипа, туку игра своја игра и постигнува резултати далеку над очекувањата. Можеби не толку со допадлива игра, колку со мудра тактика и искуство базирано на неверојатниот Иван Митров – Гатузо.

Денеска токму Иван Митров и Бојан Иванов кои дадоа по еден гол против Кит ГО во Пехчево, го решија победникот по пресврт, откако Бошко Ступиќ претходно го доведе во водство Кит Го.

Резултати од седмото коло: Победа – Братство 5-0, Детонит јуниор – Локомотива Градско 2-1, Беласица – Осогово 0-2, Кит Го – Слога Виница 1-2, Кожув – Каменица Саса 0-0

ТАБЕЛА: Каменица Саса 17, Победа 16, Слога Виница 16, Беласица 11, Осогово 10, Кит Го 9, Кожув 7, детонит јуниор 7, Локомотива 4, Братство 1

Сподели: