Започна гласањето за Локалните избори, во Кочани навреме отворени сите избирачки места

Навреме започна гласањето за Локалните избори 2021 во Кочани. Од ОИК информираат дека сите избирачки места се отворени точно во 07 часот и истото се одвива без проблеми, освен мали проблеми со употребата на биометриската идентификација која на овие избори се употребува за прв пат.

Денеска се гласа на 63 избирачки места, односно на 60 локации во градот и населените места, под посебни здравствени протоколи за заштита од Ковид-19. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а до 09 часот бројот на излезеност е 3,41 процент.

Граѓаните на Кочани денеска бираат помеѓу двајца кандидати за градоначалник и 5 советнички листи за избор на 19 членови во Советот на Општина Кочани.  

Сподели: