Прес конференција на советничката од ВМРО-ДПМНЕ , Кристина Атанасова Арсова

Почитувани сограѓани , чест и задоволство ми е да ви се обратам и поклонам , затоа што свесно , одговорно и достоинствено на овие локални избори го искористивте своето демократско право, право на глас. Право на глас за промени , проекти, победи за нашата Општина.

Јас како носител на листата на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата за обнова за Македонија, сакам да ви кажам дека гарантирам за работата , заедно со целата структура на листата која е составена од квалификувани , чесни, доблесни и пред се свесни луѓе за околностите , гарантирам и за одговорноста која ја преземаме во справување со современите ризици.

Во нашата тимска работа како советници во локалната самоуправа во Општината секогаш ќе доминираат стручите знаења и способноста, широката институционална соработка, чесноста и транспаретноста. Ќе бидеме отворени за прифаќање на сите ваши корисни идеи од сите области на општественото живеење. Отворено ќе ги прифаќаме сите сугестии и критики од вас ,само и само да имаме просперитетна Општина. Затоа што нашата Општина заслужува да има модерен и одржлив развој, да биде Општина со вистинска рефлексија на современото живеење,со похумани вредности.

Но ,на 31 октомври , по форма ќе се случат локалните избори за втор круг за избор на градоначалник, но по суштина тие претставуваат избор меѓу културолошката подреденост наспроти културолошката сувереност. Затоа ве повикувам уште еднаш да ја покажете вашата пркост, дека знаете , умеете и сакате -промени -проекти – победи, да покажете дека не се плашите да го разнишате престолот на оваа ненародна власт.

На 31 октоври излезете и гласајте за господинот Љупчо Папазов кандидат за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА. Затоа што тоа е човекот со визија и проекти за поубава и побезбедна општина

Сподели: