Кредити и последици: граѓаните заглавуваат, банките профитираат

СЕВКУПНАТА КРИЗА, ДОЛГОТРАЈНАТА ПАНДЕМИЈА СО КОВИД 19 И НЕСООДВЕТНИТЕ МЕРКИ НА ДРЖАВАТА ДОВЕДУВААТ ДО СИТУАЦИЈА ГРАЃАНИТЕ ДА ТОНАТ ВО ДОЛГОВИ, А БАНКИТЕ ДА ПЛИВААТ ВО ПРОФИТИ. АКО МИНАТАТА И ОВАА ГОДИНА БЕА ТЕШКИ, КАКВА ЛИ ЌЕ БИДЕ НАРЕДНАТА 2022.

Додека банките бележат раст на профитот и бројат милионски добивки, граѓаните се повеќе се задолжуваат пред се по основ на кредити. Но тоа е очекуван епилог на нелогичното дистанцирање на финансиските институции од Ковид 19 кризата во државата. Ланското замрзнување на ратите за отплата на кредитите на шест месеци, но без замрзнување на каматите, практично им донесе пресметата добивка на банките, бидејќи практично пола година им ја продадоа на сите кредитокорисници, како да потпишале по уште еден договор за кредит за тој период. Тоа значеше шест или повеќе месеци раат од рати, граѓаните го платија со додатна камата со редовен процент за тој период, која им стигна со повисоки износи подоцна.

Според најновите податоци на Народна банка, граѓаните и компаниите продолжуваат да се задолжуваат кај комерцијалните банки, а кон растот на задолженоста, освен вообичаените потреби, придонесува и долгата пандемија на коронавирусот, но и нивната профитна стратегија. Вкупните кредити бележат континуиран месечен раст од околу еден отсто, како резултат на растот на кредитирањето на двата сектора, при што поголем придонес има секторот „домаќинства“. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува над 7 проценти, меѓутоа финансиските експерти сметаат дека допрва се очекува уште поголем раст.

Сподели: