Дождот и снегот со мали проблеми

ВРНЕЖИТЕ ОД ДОЖД И СНЕГ, КОИ ОД НОЌЕСКА ГО ЗАФАТИЈА РЕГИОНОТ, ПРЕДИЗВИКУВААТ САМО МАЛИ ПРОБЛЕМИ ВО ПОЛСКИТЕ СЕЛА. НА ПАТИШТАТА РЕГИСТРИРАНИ ПОМАЛИ ОДРОНИ. НА ПОНИКВА СНЕГОТ ДОСТИГНА ДЕСЕТИНА САНТИМЕТРИ, НО ПАТОТ Е ПРООДЕН

Новиот влажен бран донесе нови интензивни врнежи од дожд и снег во регионот. Поради високото ниво на подземните води, дождот иако слаб, предизвика полнење на пониските дворни места на семејни куќи во полските населени места, но засега не создава поголеми проблеми. На повеќе патни правци се регистрирани мали одрони, кои засега не предизвикуваат прекин во сообрачајот.

Од Македонија пат информираат дека на Пониква интензивно паѓа снег, кој веќе достигнал дебелина од десетина сантиметри. Екипи на претпријатието се на терен и со навремено чистење на коловозните ленти, го одржуваат патот прооден.

Според метеоролозите, врнежливото време ќе продолжи и во текот на ноќта и наредниот ден, поради што се препорачува зголемена внимателност.

Сподели: