Изгоре стан во центарот на Кочани

Вечерва помеѓу 18 и 19 часот, во центарот на градот избувна пожар во кој изгоре стан на ул Кеј на Револуцијата. Со брза интервенција на противпожарната единица која гаснеше со три возила и повеќе пожарникари, огнот е изгаснат и е спречено ширење на огнената стихија и на другите станови од колективната зграда, лоцирана во непосредна близина на градскиот плоштад. Станува збор за стан на вториот кат од зградата над градската аптека, сопственост на кочанчанец, во кој живеат потстанари.

Засега не се знаат причините за избувнување на пожарот, иако станарите коментираат дека на пожарот му претходела некаква експлозија. Следува истрага која треба да даде одговор на прашањата околу причините за пожарот.

Сподели: