Снегот исчистен, ноќе голомразици

Мобилни екипи на КЈП Водовод од рано изутрина излегле на терен за расчистување на снегот од улиците, при што овозможиле целосна проодност на сообраќајниците на сите критични места. Покрај механизацијата во употребата на сол и песок биле вклучени и два трактора со рассејувачи. Покрај денешните активности, во КЈП Водовод се вршат организациски подготовки и за екстремно ниските температури кои се најавуваат за ноќта, како и за деновите на викендот, кои според метеоролозите треба да се симнат до -12 степени Целзиусови.

На граѓаните и се препорачува да ги преземат сите превентивни мерки со соодветна заштита на надворешните чешми и другата водоводна инсталација со цел да се спречи замрзнување на истите. Поради очекувани голомразици на претпазливост и зголемено внимание се потсетуваат возачите и пешаците, се со цел да не дојде до повреди или какви и да е несреќи во сообраќајот.

Сподели: