По 14 години, деблокирана сметката на Општина Зрновци

Со превземање на функцијата Градоначалник на Општина Зрновци од 26.10.2021 година, побарав увид на евиденцијата по основ на блокади од страна на Министерството за финансии-Сектор трезор на Р. Македонија, по што ни беше доставен табеларен преглед на налози за извршување по основ на судски решенија доставени од НБРМ до Министерството за финансии со кои е блокирана Буџетската сметка на Општина Зрновци.

Во месец Ноември и Декември со Вработената стручна служба и дел од доверителите, превземавме правни дејствија и постигнавме вон судски договори за конечна деблокада на Буџетската сметка на Општина Зрновци која е блокирана од 2007 година, се со цел да се превземат итни чекори за Заштита на Буџетски сретства кои би се исплатувале по основ на камати спрема Доверителите

Имено од табеларниот приказ кој што го добивме, Општина Зрновци по основ на 4 извршни решенија должеше вкупно 6 239 331 денари.

За дел од овој вкупен долг, со околу 3 600 000 денари беше извршено порамнување Согласно Законот за финансиска подршка на единиците на локална самоуправа и единици на локалната самоуправа за финансирање на доспеани а ненаплатени обврски, спрема доверителот ГД Гранит АД Скопје. Со доверителот ДПИУТ КОНСТРУКТОР РЕНАТА И ДРУГИ ДОО беше постигнат вон судски договор за отпис на камата  од околу 1 400 000 денари, а се обврзуваме на динамичен план за отплата на главнината кој што ке биде целосно исплатен до четврти месец во 2022 години.Останатите два основа се исплатени во целост.

По превземените сите активности изминатите 2 месеци,  во првата половина од месец Јануари Министерството за Финансии-Сектор трезор не извести дека Буџетската сметка на Општина Зрновци е конечно е деблокирана.

Денес на 28.01,2022 година петата редовна седница по ред, а прва во 2022 година оваа информација беше соопштена на Советниците и Јавноста

Сподели: