Кој кочанец доби 440.000 евра на Лото ?

Извлечените бројки 4, 10, 17, 28, 30, 32 и 37, во 11-тото коло од играта на среќа, Лото 7, на Кочани му ја донесоа лото – премијата во вредност од 27 милиони денари, или околу 440 000 евра. Извлекувањето се реализираше вчера во редовниот термин во 20 часот. Од Лотарија на Македонија велат дека уплатата е извршена на продажното место “Балила”, кај Агенцијата за вработување, односно во дуќанот “Кај Џајката”.

Среќната вест на социјалните мрежи се пренесе со молскавична брзина, а љубопитните кочанчани побрзаа да нагаѓаат кој или кои се добитниците. Според едни се работи за двајца пријатели кои долги години соработувале во конфекцискиот бизнис. Други велат дека се работи за скромна жителка на Кочани, кој живее во тој дел на градот. Трети се сигурни дека е сопственик на пицерија, четврти дека е скромен човек од кочанските села. Некои одат до таму што во шега велат дека ќе чекале да видат кој ќе оди на Брзата помош, па ќе дознаеле кој е добитникот, со оглед на големата добивка за македонски прилики.

Сподели: