Има ли решение за загадувањето во Кочани ?

Д ?АЛИ ГЛАВОБОЛКАТА ШТО ЗАГАДУВАЊЕТО ИМ ЈА ПРЕДИЗВИКУВА НА КОЧАНЦИ МОЖЕ ДА СЕ ЛЕКУВА СО „ТЕРАПИЈАТА“ КОЈА ДОАЃА ОД БИТОЛА, КАДЕ Е ИЗРАБОТЕН ПЕТГОДИШЕН ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ. СОСТОЈБИТЕ ВО КОЧАНИ БАРААТ ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН, ЗЕЛЕН КАТАСТАР И ДРУГИ СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТИ, БИДЕЈЌИ ПРОБЛЕМОТ Е КОМПЛЕКСЕН

Колку тоа што Општина Битола неодамна доби нов петгодишен план за квалитет на амбиентниот воздух, кој треба да го олесни понатамошниот процес на работа на оваа проблематика, со спроведување на конкретни мерки и постапки кои ќе ја намалат загаденоста и ќе ја подобрат состојбата со животната средина, може да биде урнек и за Кочани, кое се соочува со комплекни загадувања. Како и колку општината е подготвена за понатамошна имплементација на низа мерки и дали предвидениот буџет е доволен да одговори на предизвиците. Особено ако се има во предвид дека ќе биде неопходна изработка на локален еколошки акционен план, зелен катастар и другите стратешки документи кои се непходни за ефикасно делување на локалната самоуправа во делот на справувањето со штетните последици од различни загадувачи. Очекувањата се дека оваа низа мерки треба да дадат позитивен ефект како врз намалувањето на емисијата на штетни гасови во воздухот, така и врз подигнувањето на јавната свест.

Инаку, засега не се анализирани ефектите од мерката субвенции за набавка на велосипеди, бидејќи таа е во почетна фаза и никој не прави споредбени математики за колку се намалуваат издувните гасови со возењето на субвенционираните превозни средства на две тркала. Но тоа не значи дека не треба да се размислува и за субвенционирање на колективни згради за поставување на енергетски ефикасни фасади и уредување на дворни места. Потоа, субвенции за чистење на оџаците, но и многу други проекти кои од една страна вклучуваат енергетска ефикасност, а истовремено влијаат и на квалитетот на воздухот.

Сподели: