Од утре поскапува такси превозот

Такси превозниците од Кочани денеска се договорија од утре да возат по повисоки цени. Стартната цена од 60 се зголемува на 70 денари, а понатаму висината на превозот ќе зависи од должината на крајната дестинација. Цените како и на горивата ќе се определуваат на дневнпо ниво, што значи како ќе поскапуваат плинот, дизелот и бензините, така ќе поскапува и превозот.

Инаку, и кај таксистите постои доза на страв од недостиг на горива, особено по најавата на поедини приватни бензински пумпи дека ќе ја стопираат продажбата поради непродуктивните мерки на надлежните, кои ги доведуваат во ситуација да работат со загуба.

Сподели: