Јана зборуваше кинески, со амбасадорот на Кина

Десетгодишната Јана Алексова е ученичка во петто одделение во ОУ „ Славчо Стојменски“ во Виница. Денеска Јана им приреди пријатно изненадување како на Кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Зуо, така и на службените лица од протоколот во Општина Виница и градоначалникот Миле Петков. На високиот гостин од големата Кина му се претстави на неговиот кинески јазик и му испеа пригодни песнички, со што го сврте вниманието кон себе и ги воодушеви присутните.

-На амбасадорот му се претставив како се викам, и во кое училиште учам, а потоа му испеав две песнички, кои верувам, многу му се допаднаа. Сето тоа на кинески јазик, што него многу го израдува, ни рече Јана.

Јана се надева дека некогаш ќе и се пружи можност да одпатува во далечната земја за да ги запознае тамошните луѓе, да види како живеат, какви се нивните градови и села, и особено во какво опкружување растат девојчињата и момчињата во Кина. Ете таква е малата Јана од Виница, која знаела ограниченото движење поради Ковид кризата, наместо напразно, да го искористи паметно, во учење други јазици. Таа нејзина љубопитност и овозможи да се сретне очи в очи со неговата екселенција, амбасадорот Џанг Зуо, и со него да размени неколку реченици на кинески.

Виничката „кинезинка“ Јана

МОЈОТ ПРВ РАЗГОВОР НА КИНЕСКИ, СО АМБАСАДОРОТ НА КИНА

Сподели: