И колите поскапеа

И половните патнички моторни возила кои се нудат на пазарот во Кочани и другите градови во државата ненајавено поскапеа за најмалку дваесетина проценти. Најголема разлика кај старата и новата цена, дури и по 3-4000 евра, логично, се забележува кај полуксузните коли. Така, половно возило кое до пред десетина-петнаесет дена чинело 10.000 евра, сега има цена од 12-13 000 евра.

Познавачите на состојбите велат дека не само што поскапеа, туку од јануари наваму ги снемува половњаците, па заинтересираните граѓани имаат се помал избор, за да го заменат возниот парк. Веројатно ковид кризата, а уште повеќе војната во Украина, и последиците од неа, плус енергетските турбуленции, ги исплашија граѓаните, па не размислуваат ниту за продавање ниту за купување. Дилери кои ги шпартаат европските градови и држави велат дека најмалку за пет пати е намалена продажбата на половни автомобили од страна на граѓаните. Затоа и плацовите се се попразни, а возилата се поскапи.  

Сподели: