Реализирана акција за пошумување на дел од опожарените површини во Кочанско

Денеска беше извршено пошумување, ново разеленување на месноста викана Рамни ниви, над село Бели. Станува збор за пошумување на површини кои претходно беа опожарени.

Во пошумувањето учествуваа ученици од сите училишта од Општина Кочани, екипите на ТППЕ Кочани и Доброволното противпожарно друштво, КЈП „Водовод“, претставници од Пејпер Мил, вработени од Општина Кочани, со техничка поддршка од Македонски шуми подружница на Шумското стопанство „Осогово“.

Засадени се садници од видовите багрем, јасен и јавор. Од акцијата на пошумување се предвидува да се засадат околу 4.000 садници на површина од 2 хектари. 

Сподели: