Известување од Ротари клубот Кочани-Виница

Ги известуваме граѓаните дека на ден 26 Март 2022 година (Сабота), со почеток во 18 часот Ротари клубот Кочани-Виница ќе организира трка, Rotary RUN, низ Кочанските улици.

Стартот на трката ќе биде пред Домот на културата во Кочани. На трката ќе земат учество 220 учесници, меѓу кои и најдобрите натпреварувачи од Македонија.

Настанот е веќе најавен и добиена е согласност од страна на Општина Кочани.

Ова претставува одлична можност за промовирање на спортот и здравите животни навики, а воедно и културна промоција на нашиот град.

Со цел успешно организирање на настанот ги известуваме граѓаните дека во периодот од 17.00 до 20 часот сообраќајниот режим на дел од улиците во Кочани ќе биде ограничен.

Улицате „Кеј на револуцијата“, „Борис Трајковски“, „Гоце Делчев“ и дел од улицата „Маршал Тито“ ќе бидат затворени за сообраќај во споменатиот период.

Ротари клуб Кочани-Виница

Сподели: