Советниците политизираат, цените галопираат

Едни комаунални претпријатија веќе ја зголемија цената на водата од водоводната мрежа, а други размислуваат наскоро да ја зголемат. Таквата одлука ќе удри по џебот на граѓаните. Ако очекувано и КЈП Водовод ја зголеми цената, тоа меѓу другото ќе биде последица на нелогичното противење на советниците од опозицијата за поскапување на геотермалната вода во сегментот на концесискиот надомест наметнат од регулаторната комисија, при што беа заштитени корисниците, односно бизнисмените од оранжерискиот сектор, а жртвувани директно комуналното претпријатие, а индиректно граѓаните.

Сепак во суштина, цунамито на поскапувања на водата и другите комунални услуги го предизвикуваат првенствено скапата електрична енергија која со над 40 % влегува во цената на кубен метар вода, како и нафтата и другите енергенси. Кога кон тоа ќе се додаде и политички зголемената минимална плата на 18000 денари,  станува јасно дека финансиската дупка во комуналните претпријатија драстично се зголемува. Не случајно минатата година во една соседна општина вработените во комуналното претпријатие во име на плата добија по сторина денари.

Советниците политизираат, цените галопираат

Сподели: