Не дај Боже ЗНМ да те брани

ДОДЕКА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ НА МАКЕДОНИЈА ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА НОВИНАРИТЕ, ЗГАСНУВААТ СЕ ПОВЕЌЕ МЕДИУМИ И СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ НОВИНАРИ БЕГААТ ОД ПРОФЕСИЈАТА. ИСТОВРЕМЕНО РЕГИОНАЛНИТЕ ЧЕЛНИЦИ НА ЗНМ, НА КОИ НОВИНАРСТВОТО ИМ Е СПОРЕДНА ДЕЈНОСТ, ГИ УЖИВААТ БЛАГОДЕТИТЕ, НА ГРБОТ НА НОВИНАРСКАТА ФЕЛА.

Контрапродуктивни активности и политики промовира во последно време Здружението на новинари на Македонија, излегувајќи со заложби и ставови околу финансирањето на медиумите, посебно електронските. Последиците од неговото дејствување веќе наголемо се чувствуваат во голем број локални и регионални средини, кои остануваат без соодветни медиуми и информирање. Такви се Берово, Делчево, Виница, Крива Паланка, Гевгелија, …

Плашејќи се власта да не ги поткупи медиумите, со директно финансирање на владини, општински и од јавниот сектор, кампањи, Здружението уште во старт ги блокира сите иницијативи, како на ресорните министерства и институции, така и на Здружението на локалните и регионалните телевизии и радија Медиум Објектив. Притоа, оправдувањето е дека големи средства ќе завршеле кај петте национални телевизии. Нелогично, бидејќи во државата функционираат закони и институции што ги спроведуваат.

Апсурдноста на ваквите реакции на новинарското здружение, синдикат, советот за етика, и другите, е што состојбата на терен не им дава кредибилитет ниту права да одлучуваат за финансирањето, а преку него и за судбината на локалните и регионалните медиуми. Во чие име и за чии интереси се бори, на пример, ЗНМ, ако јавноста на истокот знае дека на чело на Регионалното здружение со години наназад седи лице вработено во Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, што е буџетска институција. Тоа значи, ако човек не живее од новинарската плата, не може да ги штити интересите на новинарите. Друга работа е што негова десна рака е пензиониран новинар, кој е и советник во Советот на Општина Штип и фронтмен на регионалното здружение.

Веројатно најбитен од сите е фактот дека во источниот дел од државата како што снемува медиуми, снемува и членови на здружението. За синдикални организации не може ниту да стане збор. Тогаш, за кого и за што се борат челниците од ЗНМ од ССНМ .

Сподели: