Нападнато семејство во Кочани

На 23.04.2022 во 22:15 часот од полициски службеници од Полициската станица Кочани бил лишен од слобода Ќ.А.(46) од Кочани поради тоа што околу 21:30 часот откако дошол до домот на С.А.(40) од Кочани со употреба на сила, ја скршил влезната врата од куќата, влегол внатре, и со тврд предмет физички ја нападнал неа и членови на нејзиното семејство.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Сподели: