За повисоки плати-штрајкови, поскапувањата преку ноќ

ДОДЕКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВРАБОТЕНИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗБОРАТ ПРЕКУ ШТРАЈКОВИ И ПРЕГОВОРИ, ПОСПАУВАЊАТА СЕ СЛУЧУВААТ ПРЕКУ НОЌ. НЕМА ПРОИЗВОД ВО СИТЕ СФЕРИ НА ТРГОВСКАТА МРЕЖА КОЈ НЕ Е ПОСКАПЕН. НАЈМНОГУ СЕ ШТЕДИ НА ЗЕЈТИН, ПОТОА НА ЈАЈЦА, ПОРЕТКО СЕ КУПУВА МЕСО И МЛЕКО, А ДВАПАТИ СЕ РАЗМИСЛУВА ПРЕД ДА СЕ СТАРУВА АВТОМОБИЛОТ.

Кога власта се фали со зголемување на платите, навраќајќи се дури 3 – 4 години наназад, за процентот да изгледа поголем, заборава на бранот поскапувања кој ги зафати сите сегменти. Статистичарите велат дека трошоцитенаживототвоаприлгодинавасезголемениза 2,2 отстовоспоредбасопретходниотмесец, а ценитенамалопорасналеза2,0 отсто. Нагодишнониво, пак, трошоцитенаживототсезголемениза 10,5отсто, а ценитенамалоза 11,1 отсто.

Значителен порастнатрошоцитенаживототвоаприл, воспоредбасомартгодинава, е забележанкајмаслото и маснотиитеи тоа за 20,2 отсто, свежиот и разладениотзеленчукза 12,9, свежото и разладенотоовошјеза 4,4, сирењето и урдатаза 3,7, месотоза 3,4 %.Нешто помал е порастот кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторскитепроизводи, минералнатавода, газиранитепијалаци, соковитеодовошје и зеленчуккој изнесува 2,3 %, пивотоза 1,9%, рибата и морскитеплодовиза 1,7, кафето, чајот, какаотоза 1,6, прехранбенитепроизводинеспоменатинадругоместоза 1,3, леботза 0,8 %.

Порастнатрошоцитенаживотот е забележан и кајвоздухопловниотпатничкитранспортза 46,6отсто, туристичкитеаранжманиза 8,9, течнитегоривазадомаќинстватаза 2,6 %, мебелот и покуќнинатаза 1,5, обувкитеза 1,3 отсто,

Но, и да не ги знаат сите овие бројки кои ги соопштуваат статистичарите, граѓаните се посериозно ја чувствуваат кризата, бидејќи се потешко врзуваат крај со крај во месецот, и притоа се откажуваат од многу нешта неопходни во секојдневниот живот.

Најтешко ги погодува поскапувањето на маслото за јадење, кое сега го цедат до капка за да зготват нешто. Потоа јајцата, кои зафаќаат значаен дел од исхраната. Месо и сувемесни производи ќе се јаде се помалку, како и млеко и преработки од него. Сега и сопствениците на моторни возила двапати ќе размислат пред да запалат кола. Одењето на одмор, и во угостителски објекти, веќе претставуваат луксуз кој можат да си го приуштат малкумина.

Сподели: