Безобѕирно ја задолжувале Општина Чешиново-Облешево

Финансиските долгови на општина Чешиново-Облешево и понатаму се трупаат. Доспеани се уште две нови  извршни решенија наследени од претходното раководство кои ја парализираат општинската каса, информираат од општината.

Нов извршен долг од 1.247.774 ден. од фирмата Турбоинженеринг ДООЕЛ Скопје за „Изградба на крак на канализационен систем во с.Соколарци“ и дополнителни 1.019.323 од кои 784.621 за проект „Реконструкција на селски чешми“ и 234.702 за  „Изградба на бунар со цевковод за подобрување на водоснабдувањето во с.Спанчево“  повторно ја блокираат општинската каса.

Неодговорното работење на претходното раководство освен што ја испразни општинската каса и ја блокираше работата на општината, ефектот од несовесното работење повторно паднаа на штета на граѓаните. Жителите на село Спанчево и покрај изградениот нов бунар за водоснабдување повторно се оставени без вода, што остава уште една дилема како се градело и трошело општински средства.

Судски постапки , извршни решенија, блокада на сметката на општината се причините  кои оваа мала општина ја искачија на врвот на најзадолжена општини во регионот.

Сподели: