По тренерот, ќе се менува ли и управата?

КОЈ И КАКО ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ „ОСОГОВО“ ВО НОВОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО Е НЕИЗВЕСНО, КОЛКУ ШТО Е НЕИЗВЕСНО ШТО МОЖАТ ДА ОЧЕКУВААТ НАВИВАЧИТЕ ВО ТРЕТОЛИГАШКАТА КОНКУРЕНЦИЈА. НЕОДАМНА ТРЕНЕРСКАТА ФУНКЦИЈА ЈА ПРЕЗЕДЕ ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ, ДАЛИ СЛЕДУВААТ ПРОМЕНИ И ВО УПРАВАТА.

Неизвесност се надвиснала на ГФК Осогово кога е во прашање како понатаму ќе продолжи кочанскиот третолигаш, со оглед на затишјето кое владее во и околу клубот. Оставката на шефот на стручниот штаб, Александар Андов, и експресната замена со искусниот Ефтим Аксентиев, е само еден сегмент од очекуваните промени во клубот по испаѓањето од втората лига. Кочанската фудбалска јавност очекува како понатаму ќе се дефинира упавата, односно кој ќе го води клубот во наредната натпреварувачка сезона, во која треба да се изоди трнлив пат за враќање на второлигашкиот статус.

Иако официјални информации за евентуални промени нема, актуелниот прв човек на клубот, Андов, наводно размислувал целосно да се повлече од „Осогово“ и да им препушти на нови сили со нова енергија и идеи, да го вратат на патеките на успеси.  Од друга страна, како да нема заинтересирани да ја прифатат одговорноста да го преземат водењето на кочанскиот спортски миленик. Кои се причините за тоа, нема конкретен одговор, иако за многумина проблематично е финансирањето и ограничените средства, кои не дозволуваат да се работи поквалитетно. Веројатно спорна е и практиката еден да ги дава парите, а друг да ги троши, без каква и да е одговорност. Одтука, штета е што Осогово во изминатите децении не најде силен и заинтересиран спонзор, кој од фурбалот ќе прави конкурентен и профитабилен бизнис, бидејќи само така се прават надпросечни резултати. Се друго е преживување во кое поединци си ги пронаоѓаат сопствените интереси.

Сподели: