Кочанчани најдобри во 3х3 баскет турнирот во Штип

Во неделата во Штип со почеток од 19 часот се одигра турнир во баскет во центарот на градот. Во прекрасна атмосфера, беспрекорна организација и пред преполни трибини, учество на турнирот зедоа вкупно 16 екипи насекаде од државата (4 скопски екипи, по една од Струмица, Гевгелија, Велес, Кочани и неколку домашни екипи). Наш претставник беше екипата “Дружината на Вацко” во состав Димитар Филипов, Иван Серафимов, Филип Илијев и Вангелчо Митевски.
Баскет турнирот се играше според официјалните 3х3 фиба правила, истовремено на два кошаркарски терени (поделени по осум екипи на терен),  од старт по пат на елиминација без да се игра разигрување по групи според принцип кој прв до 21 поен или кој има постигнато повеќе поени по истекот на предвидените 10 минути. Дружината на Вацко преку победите над две скопски екипи (победа над екипата на Heat Check од Скопје со резултат од 12:7 и победа над екипата на Електролит од Скопје со резултат 9:8), се пласираше во полуфиналето на турнирот каде силите ги одмери со екипата на Телеграм од Велес и ја победи со резултат 13:12. 

Во големото финале кое стартуваше во 22:10ч, екипата на дружината на Вацко играше против екипата на Штипски Скопјани и буквално ја надигра во секој сегмент од баскет играта добивајќи ја убедливо со краен резултат 14:7, и покрај огромната подршка која екипата на Штипјани ја имаа од домашната публика.
Освен паричната награда, кочанската екипа како освојувач на турнирот од организаторите доби и златен пехар, специјално отпечатени шампионски маички и вредносен ваучер.
Посебно радува фактот што турнирот го проследија и поголема група на кочански млади вљубеници во 3х3 играта, кои специјално дојдоа за да и ја дадат подршката на своите баскет другари. 

Сподели: