Општината ќе го реши пристапот и паркингот

По реакција на наши сограѓани, кои искажаа загриженост за дупките покрај потпорниот ѕид на новата сообраќајна лента од Булеварот „Стево Теодосиевски“, од аспект на тоа дали ќе мораат тие да ги санираат, и како ќе им биде решен пристапот до дуќаните во Спортската сала кај Гимназијата, денеска ТВ Кочани доби експресен одговор од градоначалникот Љупчо Папазов

  • Општината и изведувачот ќе ги санираат заостанатите канали и дупки за да не го попречуваат движењето, а ќе се изгради соодветна платформа и пристапни степеници до дуќаните , истакна Папазов.

Тоа што делува загрижувачки, е што овој канал кој останал од градежните активности, граѓаните кои тука гравитираат по разни основи, го наполниле со отпадни материи, главно лименки и шишиња од безалкохолни и други пијалоци, како и разновиден смет.

На просторот кој сега е обраснат со трева ќе се изгради паркинг простор за над педесетина возила, со што ќе се придонесе за ублажување на проблемот.

Инаку, реализацијата на овој значаен сообраќаен проект е сложена, бидејќи опфаќа комплексни содржини со два кружни тека, кои по реализацијата ќе обезбедат оптимална фреквентност и безбедност, како на возачите така и на пешаците.

Сподели: