Ете тоа е Градоначалник со големо „Г“

Почитувани,

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вечерва
информираше дека утре (четврток, 14.07.2022 година) Куманово ќе маршира
во име на сите предци кои создадоа држава, а денеска истата се продава.

„Време е да го разбудиме ПАРТИЗАНСКОТО во нас! Утре Куманово ќе маршира!
Да маршираме заедно сите во име на Карпош, Еребица, Шабани, Перо Чичо,
Фетак, Менков, Которка, Бузо, Нацева, Шајче и многу други наши предци
кои ни создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило. Ве
повикувам сите драги мои Кумановци без разлика на нација, вера и
определба да излеземе утре (четврток) сите во 19:30 часот во центарот на
градот (Улица Лењинова) и да упатиме јасна порака чија крв тече низ
нашите вени. Се гледаме утре! Да живее Куманово! Да живее Македонија!“,
порача Димитриевски.

Со почит,

Сподели: